УЕФА понуди десет голови кандидати за признанието најубав во сезоната 2022/2023, а навивачите со гласање на сајтот на УЕФА се тие кои одлучија првото место да му припадна на погодокот на Лионел Меси за ПСЖ против Бенфика во меч од групната фаза.
Меси мајсторски круниса една убава акција на Светците во која имаше низа додавања со еден допир на топката, а и завршницата беше со шут од прва.
Втор според бројот на гласови беше голот на Винисиус од Реал Мадрид во полуфиналето против Манчестер сити, а третото место му припадна на акробатскиот потег и гол на Ерлинг Халанд од Сити против неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд во дуел од групната фаза.
https://twitter.com/i/status/1674724367912124418