Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека клубот уште му плаќа разни скапи бонуси на Лионел Меси и дека тоа ќе потрае до 2025 година.
Меси во летото 2021 година си замина од клубот во којшто дотогаш ја мина целата кариера, но со старото раководство имал договори кои ја врзале Барса да го плаќа до 2025 година.
Лапорта се осврна и на трансферот на Лионел Меси во Интер Мајами.
„Татко му Хорхе ми рече дека Лео имал тешка сезона во Париз и дека сака помал притисок. Го разбирам што замина во Мајами. Да дојдеше кај нас, ќе беше под притисок“, кажа Лапорта, кој посакува за 125-тиот роденден на Барса и на новиот реновиран „Камп ноу“ да му биде направен проштален меч на Меси како благодареност за неговиот придонес за клубот.