Лионел Меси ќе игра за Интер Мајами откако реши да не го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и како слободен играч дојде во тимот под водство на Дејвид Бекам. Со доаѓањето на Меси, за нов тренер на Интер Мајами беше поставен аргентинскиот стратег Тата Мартино, кој има соработувано со Лео во Барселона, но и во аргентинската репрезентација.
Меси едноставно си прави своја колонија во новиот клуб, па нов вработен во Интер Мајами е и Жулиен Тули Арељано. Тоа е сопругот на Марија Сол Меси, која е сестра на Лионел.
Тули е роден во Росарио и ќе биде ангажиран во стручниот штав на У19 тимот на Интер Мајами, каде што главен тренер е Анди Голзалез од Венецуела. Тимот до 19 години на Интер Мајами е надежен. Неодамна ја освои Јужната дивизија во Јунајтед премиер фудбалска лига (УПСЛ). Зетот на Меси веднаш позираше со освоениот трофеј и се пофали на социјалните мрежи.
„Пресврт во животот. Денеска уживам во тоа што најдобро го имам научено во животот. Среќата доаѓа со напорна работа. Успехот не доаѓа случајно. Благодарен сум на сите оние кои ме поддржуваа. Останатите може да зборуваат што сакаат. Ние сме шампиони“, беше пораката упатена од Тули Арељано.