Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сака на едногодишна позајмица да го донесе Мејсон Гринвуд, фудбалерот на Манчестер јунајтед, пишува таблоидот „Сан“.
Таблоидот пишува дека Мурињо веќе разговарал со фудбалерот и неговиот татко и им порачал дека го сака Гринвуд на „Олимпико“.
Гринвуд, кој се сметаше за еден од најголемите англиски таленти, нема одиграно ниту еден натпревар од јануари 2022 година, кога беше обвинет за силување. Манчестер јунајтед веднаш го суспендира, а „Најки“ го раскина спонзорскиот договор.
Во меѓувреме, обвинението беше отфрлено и не дојде до судски процес бидејќи клучните сведоци се откажаа од давање искази. Во Јунајтед одлучија да не му дадат нова шанса за Гринвуд по што повеќе од сигурно е дека фудбалерот ќе ја промени средината, а најблиску е токму до Рома.