Поранешниот репрезентативец на Македонија, Бранислав Ангеловски, по 18 години се врати дома, во Битола, но овојпат како спортски директор на ракометниот шампион на Македонија.
Ангеловски беше дел од Пелистер во 2005 година, кога битолчани ја освоија последната шампионска титула, воедно и двојната круна таа сезона.
Четириесет и шестгодишниот Ангеловски ваква функција имаше и во романската Констанца, а сега ќе биде задолжен да ја креира и екипата на Еурофарм Пелистер, која ќе настапи во групната фаза на Лигата на шампионите.
Бранислав Ангеловски во својата кариера освен за Пелистер, настапуваше и за Вардар, Металург и Пролет во нашата земја, потоа за Загреб во првенството на Хрватска, швајцарскиот Винтертур, францускиот Тулуз, Ал-Аин од ОАЕ и романските Констанца и Доброгеа Суд. По завршувањето на играчката кариера, освен функцијата спортски директор во Констанца, беше помошник на Кирил Лазаров во репрезентацијата на Македонија и тренер на Мулти Есенс, со кого избори експресен влез во македонската Суперлига.