Новиот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, продолжува да прави чистка во грчкиот тим за следната сезона и последно име кое си замина од Атина е Полјакот Матеуш Понитка.
Понитка е петтиот кошаркар кој си замина од Панатинаикос откако пристигна Атаман во клубот, пред него Турчинот им се заблагодари и на Парис Ли, Нејт Волтерс, Дерик Вилијамс и Артурас Гудаитис.
https://twitter.com/BasketNews_com/status/1676598624271183876?s=20
Во меѓувреме, нови кошаркари на Панатинаикос станаа Матијас Лесор, кој дојде од Партизан, Лука Вилдоза од Црвена ѕвезда, како и Костас Адетокумбo, кој минатата сезона настапуваше за Фенербахче.