Шпанија и Англија ќе играат во финалето на ЕП до 21 година

Селекциите на Шпанија и на Англија ќе играат во мечот за титулата на Европското првенство до 21 година што се одржува во Грузија и Романија.

Фуријата во полуфиналето со убедливи 5:1 ја совлада Украина, која во претходната рунда приреди изнедување со елиминацијата на фаворитот за трофејот, Франција.
Украинците поведоа во 13-тата минута преку Бондаренко, но тоа беше сè што направија бидејќи потоа до крајот на мечот на теренот доминираа младите Шпанци.

Фуријата прво со головите на Руиз и Сансет во првото полувреме направи пресврт, а во вториот дел со нови три гола го завери пласманот во финалето. Бланко во 54-тата, Ороз во 68-мата и Гомес во 78-мата минута ги постигнаа головите за убедлив триумф кој ги однесе во финалето.

И Англија на убедлив начин обезбеди пласман во финалето, со триумф од 3:0 над Израел. Во финишот на првиот дел, Гибс-Вајт во 42-рата минута го отвори резултатот, а во вториот дел Кол Палмер во 63-тата и Камерон Арчер во 90-тата минута постигнаа уште два гола за конечен триумф од 3:0.

Финалниот меч ќе се игра в сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести