Ништо од желбата на Партизан, Димитријевиќ останува во Уникс Казан

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ, останува верен на тимот на Уникс Казан. Димитријевиќ кој имаше блескава сезона во рускиот тим, со согласи да го продолжи договорот на уште две сезони, што значи дека ќе остане да игра во ВТБ лигата.

Бекот дојде во Уникс пред почетокот на сезоната 2022/23 и стана шампион на ВТБ лигата, а беше прогласен за МВП на плеј-офот. Токму овие настапи беа причина за популарниот Нено да се заинтересираат неколку евролигаши, а најгласни беа од Партизан. Сепак, на белградскиот тим нема да му се исполни желбата, бидејќи Димитријевиќ останува во Уникс.

Претходно Димитријевиќ во кариерата има играно за Валенсија и за Хувентут од Бадалона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести