Драмата со среќен крај за Англичаните, Трафорд во 99-та минута одбрани пенал и по пауза од 39 години и донесе европска титула на Англија (Видео)

Младата репрезентација на Англија до 21 година е нов европски шампион. Англичаните во финалето кое се играше во Батуми, Грузија, со 1:0 ја совладаа Шпанија и по третпат ја освоија титулата на ЕП, но првпат по 1984 година.

Голот кој ги искачи младите фудбалери на Англија на тронот беше постигнат во судиското продолжение од првото полувреме. Англичаните изнудија слободен удар од 20-тина метри, одговорноста да го изведе ударот, ја презеде Кол Пармер и успеа да го совлада голманот на Шпанија, Тенас. Голот на Палмер може да го погледнете ТУКА.

Во второто полувреме, Фуријата се обидуваше да дојде до израмнување, но не можеше да ја пробие одбраната на Англичаните. Во судиското продолжение, имаше вистинска драма во која херој беше голманот на Англија, Џејмс Трафорд.

Имено, во шестата минута од продолжението кое се оддолжи бидејќи судијата досуди пенал за Шпанија по консултација со ВАР собата. Абел Руиз ја презеде одговорноста во 99-та минута, шутираше во десниот агол, но Трафорд ја прочита неговата намера и го одбрани ударот, како и тој по одбиената топка и на Англија и ја донесе третата титула во историјата. Одбраните на Трафорд може да ги видите на следниот ЛИНК.

Младите Англичани сосема заслужено ја освоија титулата, а за тоа колку беа доминантни најдобро покажува податокот дека не примија ниту еден гол за време на ЕП кое се играше во Романија и Грузија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести