Репрезентативецот на Курасао со добро познато презиме во регионот, Ксандер Северина, ќе биде ново засилување за српскиот прволигаш Партизан.
Според српските медиуми, Северина во Партизан ќе пристигне како слободен играч, откако му истече договорот со холандскиот Ден Хаг.
Фудбалерот цела кариера настапува во Холандија, минатата сезона одигра одлично во дресот на Ден Хаг во втората лига, на 35 натпревари постигна осум гола и имаше девет асистенции.
Фудбалерот кој има и холандски пасош, во текот на наредната недела и официјално треба да биде промовиран како нов играч на Партизан.