Sвездата на Лацио е пред изненадувачки трансфер, се сели во Саудиска Арабија

Сергеј Милинковиќ-Савиќ, репрезентативецот на Србија, донесе изненадувачка одлука да ја прифати понудата на Ал-Хилал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Според пишувањата на медиумите од Италија, 28-годишниот фудбалер прифатил 20 милиони евра годишна плата и подготвен е за нов предизвик во својата кариера.

Договорот на Милинковиќ-Савиќ со Лацио истекува следното лето, па Ал-Хилал ќе мора да го договори и обесштетувањето со Италијанците. Според „Трансфермаркет“, вредноста на српскиот репрезентативец во моментов е 50 милиони евра, а понудата на клубот од Саудиска Арабија е 40 милиони евра.

Претходно се споменуваше и голем интерес од Јувентус, но се чини дека Србинот не може да ја одбие богатата понуда од Ал-Хилал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести