Панама и Мексико ќе играат во финалето на Голд купот, натпреварување во кои учествуваат најдобрите селекции од Северна и Средна Америка.
Во првото полуфинале, Панама на пенали ги победи Американците, откако по регуларните 90 минути беше нерешено 0-0, а после продолженијата, 120 минути 1-1. Американците во четвртфиналето на пенали ја елиминираа Канада, но овојпат немаа среќа. Во пенал рулетот, за САД утнаа Фереира во првата и Ролдан во шестата серија.
За Панама ова е трето финале на Голд купот, прво после пауза од десет години.
Во другото полуфинале немаше драма, Мексико со 3-0 ја победи Јамајка. За Мексиканците ова е 11-то финале на Голд купот, рекордот го држи САД со 12.
Ова е решавачкиот пенал кој донесе радост за Панама:
https://twitter.com/i/status/1679338238383738884