Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, нема да смета на капитенот Леонардо Бонучи за следната сезона и тој нема да патува со екипата на турнејата во САД.
36-годишниот Бонучи има договор со Јувентус на уште една сезона, но веќе му е кажано дека може да си бара нов клуб, пред се поради големиот број на повреди кои ги имаше фудбалерот.
Леонардо Бонучи во двата мандати како играч на Јувентус одигра вкупно 502 натпревари, а фудбалерот во моментов размислува дури и за пензија.