Ниту Сити не може да им парира на Саудијците, Марез се сели во Ал-Ахли

Ријад Марез ќе го напушти англискиот и европски шампион, Манчестер сити и ќе се пресели во Саудиска Арабија и тоа во тимот на Ал-Ахли.

Англските медиуми објавија дека Марез веќе се договори со челниците на Ал-Ахли чија понуда беше преголема дури и за Манчестер сити, чиј сопственик е емирот на Обединетите Арапски Емирати.

Марез со Ал-Ахли ќе потпише двегодишен договор и ќе заработи вкупно 100 милиони евра.

Саудискиот тим се договори и со Манчестер сити за отштетата која ќе изнесува 40 милиони евра.

Марез имаше уште две години од договорот со Граѓаните, но понудата од саудискиот тим беше предобра да се одбие и алжирскиот репрезентативец во следната сезона ќе го носи дресот на Ал-Ахли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести