Де Хеа во Манчестер беше најплатен фудбалер, а Ал-Наср сега му нуди двојно поголема плата

Шпанскиот голман Давид де Хеа после 12 години си замина од Манчестер Јунајтед. Се појавија многу шпекуларии околу неговата иднина, дури и дека најсериозен за неговиот ангажман е сплитски Хајдук, но хрватите не можат да му понудат ни одблиску плата каква што имаше во дресот на “црвените ѓаволи“.

Голманот беше најплатениот фудбалер на Манчестер Јунајтед со неделна плата од 375.000 фунти, а сега саудискиот Ал-Наср му нуди неверојатни 750.000 фунти неделно или околу 45 милиони евра годишно.

Ниту една друга екипа во светот не може да му понуди ниту приближно до оваа сума на голманот кој го бранеше голот на Манчестер Јунајтед на 545 натпревари и на кои прими 590 голови, а дури 190 пати ја сочува мрежата празна.

 

- Оглас -

Најнови вести