Утринска ватерполо класика на Мундијалот, вкупно осум меча за „разладување“ во жешките ноќи

Светското првенство во ватерполо е во тек, а се игра во јапонскиот град Фукуока што значи дека има утрински возбудувања. Во првото коло фаворитите не дозволија изненадување, а сега на ред се осум мечеви од второто коло.

Според распоредот, првиот меч стартува во два часот наутро по македонско време, па возбудувања ќе има се до 13:30 часот, кога е закажан почетокот на послдниот осми натпревар од ова коло.

Италија е фаворит против Канада, а дилема е само колку разлика ќе биде во корист на Аѕурите. Франција не треба да дозволи изненадувања против Кина, а се знае дека Србија ќе ја победи Јужна Кореја, Грција ќе слави над Казахстан и домаќинот Јапонија во пресметката со Аргентина.

Интересно ќе биде на мечот Шпанија против Црна Гора, како и дуелот меѓу САД и Австралија, а дербито на денот е за Хрватска и Унгарија. Двете ватерполо велесили лесно победија во првото коло, а сега во меѓусебен дуел ќе решаваат за тоа кој ќе го освои првото место.

Традицијата вели дека Унгарија победи на четири од последните пет меча со Коцкестите, но секако дека Хрватска не треба да се отпише.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести