Манасков си оди од Вардар

Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, потврди Дејан Манасков нема да биде дел од тимот во новата сезона. Иако има уште една година од договорот со Вардар и беше еден од лидерите на тимот, Манасков одлучи да си замине.

„Дејан Манасков за жал нема да биде дел од Вардар во новата сезона. По неговата одлука да си оди, ние решивме да го ангажираме Сердановиќ како ново перспективно лево крило. Му посакуваме многу среќа во иднина на Манасков “, изјави Ристовски.

Покрај Манасков, Вардар по завршување на минатата сезона остана и без Филип Талески кој потпиша за Бенфика, Јоел Куни Моралес кој му се приклучи на Тимур Дибиров во Загреб, како и Бразилецот Дутра кој замина на Блискиот Исток, додека Стојанче Стоилов и Борко Ристовски објавија крај на кариерата.

Досега, Вардар ангажира шест засилувања за следната сезона, Стефан Петриќ, Марко Сердаровиќ, Матија Николиќ, Косуки Јасахира, Милтон Мело и Хансен Родригез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести