Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу и неговиот Падерборн приредија изнедување, славеа со 2:1 над бундеслигашот Баер Леверкузен на контролен натпревар пред стартот на новата сезона.
Мислиу ги одигра сите 90 минути за Падерборн, а иако е виновник за примениот гол на неговиот тим, одигра добар натпревар и според прикажаната игра, за очекување е да биде стандарден член на првиот тим на Падерборн кој во претстојната сезона ќе брка влез во Бундеслигата.
Муслиу во 39-та минута не успеа да го запре Азмун да постигне гол, но неговите соиграчи направија пресврт до крајот на мечот. Во последните моменти од првиот дел, Муслија го израмни резултатот, а во 60-та минута, Билбија постигна гол за 2:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.