Лионел Меси дебитираше за Интер Мајами и тоа на најдобар можен начин. Аргентинскиот виртуоз уште еднаш покажа фудбалска магија на теренот, која донесе победа на неговиот тим.
Меси влезе како резерва во второто полувреме, а со голот од слободен удар во 94 минута, донесе победа на Интер Мајами во дуелот против Круз Азул од Мексико.
Навивачите на трибините „експлодираа“ од радост, а интересна беше реакцијата на легендарната тенисерка Серена Вилијамс која беше во друштво со Ким Кардашијан, како и реакцијата на Дејвид Бекам и целото негово семејство по голот на Меси.