Долг период се шпекулираше дека Јошко Гвардиол ова лето ќе се пресели во Манчестер Сити, а во последниот период сите медиуми известија дека трансферот е завршена работа. Сепак, не е така. Гаврдиол се договори со Манчестер Сити за личните услови, но се чини дека нема договор меѓу клубовите околу висината на обесштетувањето.
Познато е дека Лајпциг бара 100 милиони евра за хрватскиот дефанзивец, а Манчестер Сити е подготвен да ја плати таа сума, но само заедно со дополнителните бонуси. Лајпциг не се согласува со ваквиот предлог и бара фиксна сума од 100 милиони евра.
Доколку трансферот се реализира, Гвардиол ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.