Селекторот на Србија објасни зошто Јокиќ го откажа настапот на СП

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го соопшти поширокиот список од 20 кошаркари кои ќе ги започнат подготовките за настап на претстојното Светско првенство и објасни зошто на него не се наоѓа ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.

„Што се однесува до Никола Јокиќ, со него имав неколку разговори и тоа беа најдобрите разговори кои сум ги водел со кошаркари кои од различни причини не можат да го прифатат повикот да играат за репрезентацијата. Јокиќ е „потрошен“, ниту физички, ниту ментално, не е подготвен да ја презеде одговорноста која се очекува од него кога игра за репрезентацијата“, изјави Пешиќ.

Освен Јокиќ, повикот на селекторот го одбија уште неколку клучни кошаркари, а меѓу нив е Василије Мициќ кој со Анадолу Ефес двапати триумфираше во Евролигата, а летото потпиша за Оклахома сити тандерс, но сè уште мака мачи со повредите.

„Долго разговарав со него, тој ме замоли годинава да ги прескокне репрезентативните обврски бидејќи имаше тешка сезона во која доживеа неколку повреди. Потпиша нов договор, но ја обнови повредата на рамото. Разговарав со сите кошаркари кои го одбија повикот, немаше никакви тајни и ги прифатив нивните причини и објаснувања да не играат на СП. Како и сите вие и јас сум малку разочаран што нема да ги имаме најдобрите играчи на располагање, но целите остануваат исти, сакаме да играме на Олимписките игри во Париз идната година, . Сигурен сум дека момците се подготвени да го дадат максимумот имав.. Неговата состојба не е добра и не можеме да сметаме на него“, изјави Пешиќ на прес-конференцијата.

https://twitter.com/TelesportRS/status/1683480467016671238?s=20

Србија е во групата Б заедно со Кина, Порторико и Јужен Судан.

Светското кошаркарско првенство ќе се игра од 25 август до 10 септември во Јапонија, Филипини и Индонезија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести