Загреб со новиот тренер го порази Металург

ППД Загреб триумфираше на гостувањето во Скопје кај Металург со убедливи 36:24 во меч од регионалната СЕХА лога во ракомет. Загрепчани беа фаворити на хартија, и тоа го докажаа на теренот, носејќи прва победа за тренерот Бранко Тамше откако го презеде тимот од главниот град на Хрватска.

Загрепчани уште на почетокот беа подобри, мотивирани да се докажат пред новиот тренер и на полувреме заминаа со позитива од пет гола разлика. Металург е познат како тим кој многу подобро игра во првите, отколку во вторите полувремиња, па уште на пауза беше јасно кој ќе ги освои трите бода.

Во второто полувреме, водството на Загреб не беше сериозно загрозено, а во завршните 15 минути разликата речиси постојано беше двоцифрена. Загреб е прв на табелата, и има ист број бодови со вториот Вардар, додека Металург остана претпоследен.

Филип Арсеновски со 5 гола од пет шута, беше прв стрелец во екипата на тренерот Данило Брестовац. Маџовски, Рибеиро, Шпенде и Токиќ погодија по четири пати, додека Томовски имаше 8 одбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести