На Меси му требаа само осум минути да испише историја во вториот натпревар за Интер Мајами (Видео)

Лионел Меси на неверојатен начин ја започна својата одисеја во МЛС-лигата, на првиот меч во дресот на Интер Мајами постигна гол од слободен удар, а утринава на вториот натпревар натпревар за новиот клуб – испиша историја.

На мечот од Конкакаф Лига купот против Атланта, Интер Мајами славеше со 4:1, а Меси постигна два гола и имаше асистенција.

https://twitter.com/i/status/1683994482306437121

Првиот гол, Аргентинецот го постигна во осмата минута по асистенцијата на соиграчот од Барселона, Серхио Бускетс. Екипата на Атланта јунајтед стана 100-тиот тим на кој Лионел Меси му дал гол на официјални натпревари. Интересно е што двата гола, Меси ги постигна со неговата послаба нога, десната.

Вториот гол го постигна 14 минути подоцна, а мечот го заврши со асистенција за голот на Тејлор.

https://twitter.com/i/status/1684023531733151745

- Оглас -

Најнови вести