Лионел Меси прави шоу во новиот клуб Интер Мајами. Пред да дојде Аргентинецот, Интер Мајами немаше победа цели два месеци, а кога Меси се појави на теренот, тимот има две победи за само неколку дена.
И во двата меча Меси беше во центарот на вниманието. На дебито против Круз Асул влезе во игра како резерва и даде гол за победа и тоа од слободен удар во 94 минута.
Утрово, Интер Мајами играше против Атланта јунајтед, а Меси даде два гола во првите 22 минути, а потоа имаше и една асистенција.
Кога веќе Интер Мајами водеше со 4:0, тренерот Тата Мартино реши да го повлече Меси од игра. Аргентинецот беше заменет во 78 минута, а од трибините беше испратен со стоечки овации.
https://twitter.com/i/status/1684023531733151745
Само што Меси беше повлечен од игра, голем дел од навивачите кои беа на трибините, решија да си заминат. Едноставно, го нема Меси и нема што повеќе да гледаат.
https://twitter.com/i/status/1684014032917766144