Сакате дрес на Интер Мајами со името на Меси? Ќе чекате ред до ноември (Фото)

Бумот кој го предизвика доаѓањето на Лео Меси во САД се одрази и на продажбата на дресови со неговото име и бројка. Интер Мајами ја зголеми продажбата за 25-пати од претходно, а проблеми има и производителот Адидас кој не може да ја задоволи побарувачката.

Розовиот дрес на Интер Мајами се продава за 195 американски долари, но го нема на залиха. Доколку сега сакате да купите дрес со името на аргентинецот ќе мора да чекате најмалку до месец ноември за да го добиете.

Кога ќе ја завршите нарачката ќе ја добиете оваа порака:

- Оглас -

Најнови вести