Мбапе го одби Ал Хилал, па Саудијците за утеха преговараа со Верати

Килијан Мбапе одби да се сретне со делегацијата на Ал Хилал која допатува на разговори со него во Париз, што значи дека пропадна опцијата напаѓачот на Пари Сен Жермен да се пресели во Саудиска Арабија.

Арапите му нудеа огромна плата, се спомнуваа дури и 700 милиони за една сезона, но Мбапе не е заинтересиран, или можеби веќе е договорен со Реал Мадрид како што се сомневаат во ПСЖ, па ги одбива сите други понуди. Од Реал засега се тивки, од нивна страна немаат никаква понуда до ПСЖ за Мбапе.

Откако добија „шут карта“ од Мбапе, Саудијците присуството во Париз го искористија за да разговараат со Марко Верати и најверојатно тие разговори биле успешни, па Италијанецот е на добар пат да се пресели во Ал Хилал, само треба да се утврди висината на отштетата, ПСЖ бара минимум 30 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести