Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички загуби од саудискиот Ал-Етифак со 0-4 во пријателски натпревар одигран во Хрватска.
Клубот од Саудиска Арабија е предводен од тренерот Стивен Џерард, а од раководството на Романтичарите пред мечот му подарија црвен дрес на Работнички со бројот 8.
Освен легендата на Ливерпул и на англискиот фудбал, дрес од Работнички доби и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, кој кариерата ја почна токму во клубот од Дебар маало, а сега е играч на Ал-Етифак.