Уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани (36) го раскина договорот со Валенсија. Уругваецот одлучи да се раздели со Валенсија за да се врати во Јужна Америка.
Според медиумите од Јужна Америка, Кавани веќе се договорил со аргентинскиот гигант, Бока Јуниорс, со кого ќе потпише договор со декември 2024 година.
Кавани кариерата ја започна во 2005 година во уругвајскиот Данубио, а потоа се пресели во Серија А каде настапуваше за Палермо и за Наполи. Од тимот од Неапол се пресели во ПСЖ,а потоа играше и за Манчестер јунајтед и Валенсија.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1685103216575307776?s=20