Сагата околу Килијан Мбапе се уште трае. ПСЖ сака тој да потпише нов договор, а фудбалерот не сака ниту да слушне за такво нешто и одлучен е да го наплати целиот износ до крајот на договорот со “светците“.
ПСЖ веќе го отстрани францускиот репрезентативец од екипата и не смета на неговите услуги, но тоа не му пречи на Мбапе и тој е подготвен да ја преседи целата сезона на трибина.
Единствените екипи кои можат да го купат французинот во моментов се Ал-Хилал и Реал Мадрид, но фудбалерот не сака да оди во Саудиска Арабија, а сега е познати и колку би платил Реал за неговите услуги.
“Кралевите“ се подготвени да платат 230 милиони евра, што би било нов светски рекорд и би ја надминале сумата која ја плати токму ПСЖ за Нејмар на Барселона, која изнесуваше 222 милиони евра.