Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели, кажа дека би сакал кариерата да ја заврши во клубот Бреша. Сепак Балотели кој има 28 години, нема намера наскоро да се врати во родната земја.
„Италијанскиот фудбал е претерано полн со тактики и малку здодевен. Не планирам наскоро да се вратам во Серија А. Но не можам да одречам дека би сакал кариерата да ја завршам во Бреша“, изјави Балотели.
Балотели минатиот месец потпиша за Марсеј, а досега никогаш нема играно за Бреша, па многумина се чудат зошто токму таму сака да се пензионира. Марио е роден во Палермо, играл за Интер и Милан, но порасна во Бреша и затоа сака да игра во градот во кој го мина детството.
Бреша во моментов е на второ место во Серија Б и има шанса да се врати во елитата, со тоа и да си ги зголеми шансите да го ангажира Балотели.