Ти-Џеј Шортс: “Ако дадеме се од себе, успехот ќе дојде“

Кошаркарската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за она што ја очекува ова лето, а тоа е настапот на претквалификацискиот турнир за ОИ 2024 во Париз, кој ќе се одржи во главниот град на Естонија, Талин.

На подготовките се приклучија и двајцата наши најдобри кошаркари, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс. Токму американецот ги сподели своите очекувања од следните предизвици на репрезентацијата.

– “Мило ми е што се вратив во репрезентацијата, екипата и селекторот ми посакаа добредојде и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се обидеме да напредуваме. Добро е тоа што во тимот имаме искусни кошаркари и млади, талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера во репрезентацијата. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме се од себе и успехот ќе дојде.“ – изјави Шортс.

Репрезентацијата на Македонија викендов ќе одигра два контролни натпревари против Полска во Белград.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести