Полни трибини на „Васил Левски“, ама мрежите останаа празни по првиот дел

Левски и Шкупи играат без голови по првото полувреме на реванш-мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Овој резултат му одговара на бугарскиот тим, кој има предност од 2:0 благодарение на победата пред една недела во Скопје на арената „Тодор Проески“.

Полни се трибините на стадионот „Васил Левски“, каде што има околу 25.000 навивачи што даваат поддршка за домашниот тим. Шкупи не доби дозвола да има свои навивачи на реваншот.

Од фудбалски аспект, Левски беше подобар тим во првите 45 минути. Домаќините започнаа офанзивно, создадоа неколку шанси за погодок, но не реализираа. Во продолжението од првиот дел, фудбалерите на Шкупи го издржаа притисокот на противникот, но не создадоа ниту една шанса пред голот на Левски.

Статистиката од првите 45 минути вели дека Шкупи не упати ниту еден удар кон голот на Левски, а не изведе ниту еден корнер. Домаќините шутнаа петпати, од кои два удари беа во рамките на голот, а изведоа и два корнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести