Тренерот на Левски не е задоволен што го победиле Шкупи само со 1-0

По победата од 1-0 против Шкупи на реваншот од квалификациите во Конференциската лига, тренерот на Левски, Николај Костов, беше задоволен од пласманот понатаму, но не и од конечниот резултат за кој жали што не бил поубедлив.

„Ја контролиравме играта во поголем дел од мечот, но во напад не бевме добри. Играчите од средниот ред и одбраната се истрошија, на крајот можевме и да примиме гол. Се радувам што победивме, голот беше награда за играчите и навивачите. Среќни сме, иако не бевме убедливи. Тоа се нашите можности во моментов”, рече Костов.

Тренерот на Шкупи, Џихат Арслан, истакна дека тој и помошниците ги подготвувале и ги мотивирале играчите да веруваат дека можно е чудо на реваншот.

„Тргнавме со негатива од 0-2 по поразот во Скопје и се обидовме на фудбалерите да им објасниме дека иако имаме силен противник, сè е можно. Ги охрабрувавме, но не успеавме да го изненадиме Левски. Се боревме до крај, но резултатот изостана. Во финишот имавме 2-3 добри шанси, но не дадовме гол. На Левски му посакувам успех понатаму“, рече Турчинот на клупата на чаирчани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести