Браво момчиња, победа на Македонија на стартот на ЕП за кошаркари до 16 години (Фото)

Македонија ја победи Белгија со 63-57 во меч од првото коло на Европското првенство за кошаркари до 16 години, кое се игра во Скопје.

Во салата на СРЦ Кале, момците на селекторот Александар Јованчев помогнати од публиката, заслужено се радуваа на големата победа. Во нашата група, освен Македонија и Белгија, се уште и Франција и Литванија кои од 21 часот го почнуваат својот меѓусебен дуел.

Најдобар поединец во У16 селекцијата на Македонија беше Доријан Ивановски со 16 поени, 5 асистенции и четири скока. Двоцифрен број на поени имаа и Дамјан Ивановски, Никола Јаничиќ и Сергеј Петровиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести