Екипите на Работнички и Шкупи денес во 17 часот ќе го одиграат последниот натпревар од воведното коло на Првата Македонска фудбалска лига. Екипата на Шкупи како голем фаворит влегува во овој меч, но своја математика си има и екипата на Работнички.
„Романтичарите“ засилено и со повисоки амбиции влегуваат во првенството и квотата за нивна победа на денешниот дуел во Sport Life е одлична, 5.55.
На спротивната страна, екипата на Шкупи ова лето остана без двајцата најдобри фудбалери кои направија трансфери и останува да се види како ќе функционира нивниот напад без Адетунџи и Цефас.
Последните два меѓусебни дуела на Работнички и Шкупи беа ефикасни, а Чаирчани двапати се радуваа на победата. На „Чаир“ беше 3-1 за Шкупи, додека во Маџари шампионот од пред две сезони победи со 2-4.