Навивачите на Динамо в четврток ќе бидат изведени на суд, на убијците им се заканува доживотен затвор

Грчката полиција по вчерашниот хаос на улиците во Атина, кој го приредија навивачите на Динамо Загреб заедно со тие на Панатинаикос, во кои животот го загуби еден навивач на АЕК, а еден е во тешка состојба, упаси 98-мина навивачи кои в четврток ќе бидат изведени пред судија и се соочуваат со драконски затворски казни, а се споменува и доживотен затвор.

Од уапсените навивачи, 82-ца се хрватски државјани, а 16 се Грци и според грчките медиуми, в четврток, кога ќе бидат изведени пред суд, на сите или на најголем дел од нив ќе им биде одреден притвор од еден месец, сè до почнување на судскиот процес во кој ако бидат осудени, може да добијат и казна доживотен затвор.

Грчката влада минатата година донесе нов закон за спречување на насилствата меѓу навивачите со кој ги зголеми максималните казни.

По убиството на 19-годишниот Алкис Кампанос минатата година, судот осуди седуммина навивачи кои беа одговорни за убиството на доживотен затвор, а петмина добија казни поголеми од 19 години поради учество во убиство.

Грчката полиција која денеска продолжи со акциите да ги апси навивачите на Динамо Загреб, соопшти дека за хаосот во Атина, кој резултираше со смрт на еден навивач на АЕК Атина, се виновни Бед Блу Бојси.

- Оглас -

Најнови вести