Крвопролевањето во Атина можело да се спречи, но Грците ги игнорирале информациите од Црна Гора?

Конвој од 21 возило во кои биле 120 хрватски државјани се собрал на црногорско-албанската граница и продолжиле преку Албанија кон Атина, а можеле да бидат спречени ако имало желба.

Црногорската полиција им испратила допис на албанските и грчките колеги со регистарски таблички и марки на возилата во сомнителниот конвој. Грците пред неколку дена биле предупредени и од хрватските власти дека е можно група навивачи на Динамо да тргнат кон Атина и покрај забраната за гостување.

Грчката полиција можела да не им дозволи влез на овие Хрвати во нивната земја или да ги пушти, но да ги држи под контрола. Не е направено ни едното ни другото.

- Оглас -

Најнови вести