Младите ракометари денеска на мегдан против Унгарија на СП, влогот е меч за деветтата позиција

Машката кадетска репрезентација на Македонија која настапува на Светското првенство до 19 години во Хрватска денеска игра против Унгарија во разигрувањето за пласман од деветтото до 12-тото место.

Победа на избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ги носи во меч за пласман на деветтата позиција со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Саудиска Арабија, а со евентуален пораз ќе играат за 11-тото место со поразениот од истиот дуел.

Натпреварот ќе се игра во Копривница од 20 часот, а според квотите, фаворит е Унгарија, но кадетите, кои како награда за минатогодинешниот триумф на ЕХФ шампионатот играат на СП до 19 години, покажаа дека се подготвени за големи дела.

Доживеаја само два пораза, од фаворитите Норвешка (27:25) и од Данска (37:30), а ги победија Црна Гора (29:20), Грузија (27:21) и Австрија (29:22).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести