Подарок од голманот и гол од пенал доволни за Струга ТЛ да води со 2:0 против Есперанж (Видео)

Струга Трим Лум води со 2:0 на полувреме од првиот меч против Есперанж, во дуел од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Бесарт Ибраими е предводникот на македонскиот првак постигнувајќи ги двата гола за радост на домашните фанови.

Се играше 23-тата минута кога Ибраими искористи голема грешка на гостинскиот голман Чекановиќ. Иако требаше само лесно да интервенира и да ја фати топката во своите раце, Чекановиќ лошо реагираше, а Ибраими добро ја следеше целата ситуација и непречен од никого погоди во празната мрежа на гостите.

Струга продолжи со нападите, а во 40-таа минута беше досуден пенал за домаќините. Ибраими е прв изведувач на ударите од белата точка, па така беше и овојпат. Првиот стрелец на Струга ТЛ беше прецизен и донесе водство од 2:0 за македонскиот првак.

Во првото полувреме Струга беше подобар ривал во сите статистички податоци и сосема заслужено има сигурно водство.

 

- Оглас -

Најнови вести