Најскапото заилување во историјата на Баерн Минхен, Хари Кејн, само 20 часа откако го потпиша договорот, ги одигра првите минути за германскиот шампион, но нема да ги памети по добро.
#Bayern fans react to the Harry Kane debut. pic.twitter.com/aUmzZKbJss
— Manuel Veth (@ManuelVeth) August 12, 2023
Баерн Минхен е поразен пред своите гледачи на „Алијанц“ арената со убедливи 0:3 од Ред Бул Лајпциг во германскиот Суперкуп. Кејн во игра влезе во 63-та минута.
Шоуто на „Алијанц“ арената го украде шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, кој ги постигна трите гола.
Олмо првиот гол го постигна во третата минута, во финишот од првиот дел постигна уште еден гол. Првиот гол може да го видите ТУКА, а вториот на овој ЛИНК. Конечниот резултат го постави во 68-та минута од пенал.