Фудбалерите на Струга ТЛ ги делат 90 минути од двомечот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.
Стружани му гостуваат на Есперанж и бранат предност од два гола откако минатиот четврток славеа со 3:1 во Скопје. Првиот натпревар го одбележа Бесарт Ибраими, кој ги постигна сите три гола и се очекува и денеска да биде главна опасност за шампионот на Луксембург.
Интересно, Струга ТЛ не е фаворит според квотите, 4.80 изнесува коефициентот за триумф на македонскиот шампион, додека 1,70 е за победа на Есперанж.
Струга ТЛ летово во европските квалификации одигра два натпревари на гости, против Жалгирис во квалификациите за ЛШ и против Будуќност во квалификациите за Лигата на конференции, и не загуби на двата меча. Во Литванија, стружани одиграа без голови, додека во Подгорица славеа со 4:3.
Според прикажаната игра на првиот натпревар, квалитетот е на страната на македонскиот шампион, кој има одлична шанса да дојде на два меча од пласман во групната фаза во Конференциската лига.