Претседателот на фудбалската асоцијација на Англија, Марк Булингем, имаше интересен коментар по обезбеденото финале на женската репрезентација на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд.
„Сарина одлично си ја врши работата со женската репрезентација на Англија. Дали мислам дека фудбалот заостанува зад другите спортови кога се во прашање женските тренери? Мислам дека тоа е точно. Тоа мора да се промени. Сарина е најдобрата личност за наследник на Саутгејт. Нема врска ако е жена, важно е да е најдобриот кандидат“, вели претседателот на ФА на Англија.
Сарина Вигман е селектор на репрезентацијата на Англија од пред две години, а претходно беше селектор и на женската репрезентација на Холандија.