Натпреварот Струга Трим Лум – Бреидаблик од плејофот за влез во групната фаза на Конференциската лига, ќе се игра на 24-ти август во Охрид.
Иако имаше најави дека средбата ќе се игра во албанскиот град Елбасан, бидејќи арената „Тодор Проески“ е затворена, сепак постигнат е договор, и УЕФА дозволи да се игра на „Билјанини извори“, иако овој стадион во Охрид не ги исполнува критериумите за оваа фаза од натпреварувањето.
На сајтот на УЕФА стои дека мечот ќе се игра во Охрид од 20 часот, но ќе треба да дојде до промена на сатницата, бидејќи таму нема рефлектори, па веројатно терминот за почеток ќе биде 17 часот. Инаку, судиите ќе бидат од Полска.