Кошаркарската репрезентација на САД, која е главен фаворит за златото на Светското првенство кое почнува за пет дена, се намачи за да дојде до победата над Германија на контролниот дуел во Абу Даби.
Американците триумфираа со 99-91, што е нивна најтесна победа во подготвителниот период. Тие мораа да запнат сериозно, бидејќи имаа негатива од 16 поени разлика во третата четвртина. Дури на -16 сфатија дека може да загубат и направија серија до 18-3, па во последниот период се влезе со само еден поен предност за Германија.
Клуч на победата им беше одбраната. Германија во првото полувреме уфрли 54, а во второто 37 поени. За САД ова беше последен меч пред почетокот на Мундобаскетот кој се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.