Фудбалерите на ПСЖ одржаа тајно гласање за нов капитен на екипата. Сето ова го направија на барање на тренерот Луис Енрике, кој не сакаше да се меша во одлуката и им ја препушти на фудбалерите.
Маркињос ќе остане лидер на теренот и тој доби најголема доверба од неговите соиграчи. На второто место беше Верати, додека во топ-5 завршија и Переира и Кимпембе.
Најголема желба за капитенска лента имаше кај Килијан Мбапе, но тој заврши дури на петтото место.
Тој беше отстранет од екипата бидејќи одби да потпише нов договор, а актуелниот му завршува следното лето. Од ПСЖ ја одредија и цената доколку некој сака да го купи ова лето, таа изнесува 250 милиони евра.