Најинтересниот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите од денешните дуели помеѓи Глазгов ренџерс и ПСВ Ајдховен заврши без победник, 2-2.
Глазгов ренџерс поведе во 45-тата минута преку Сенегалецот Сима. ПСВ во вториот дел двапати израмнуваше. Сангаре во 61-вата минута израмни на 1-1, а 15 минути подоцна Ренџерс повторно дојде во водство, овојпат преку Матондо.
Конечните 2-2 ги постави Лук де Јонг во 80-тата минута.
He would simply solve Chelsea’s struggling in finding the back of the net…Luuk de jong is clutch when needed
pic.twitter.com/OWX3BzrDJt— M A K A V E L I ☄️❄️ (@centro241) August 22, 2023
Грчкиот АЕК откако направи подвиг во саботата и го елиминира Динамо Загреб, денес загуби на гостувањето во Белгија од Антверпен со 1-0. Единствениот погодок на мечот го постигна холандскиот интернационалец Винсент Јансен во 16-тата минута.
https://twitter.com/FootballReprt/status/1694067015093281147?s=20
Изненадување на Лигата на шампионите, полскиот Раков доживеа домашен пораз од 0-1 од данскиот шампион Копенхаген. Одлучувачкиот момент на мечот се случи уште во 9-тата минута, кога Романецот Раковица си постигна автогол.
Bogdan Racovițan sent it to their nets!
Raków Częstochowa 0-1 FC Københavnpic.twitter.com/9XnsXFLSUK
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 22, 2023