Динамо Загреб сака да го врати Аријан Адеми!

Хрватскиот првак Динамо Загреб има план да го врати легендарниот капитен Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец цели 13 години го носеше дресот на хрватскиот гигант кога реши да си замине и на 30 март направи трансфер во кинескиот Гуан.

Трансферот на Адеми беше за еден милиони евра и играчот за врска во кинескиот тим досега одигра 18 натпревари, во кои постигна два гола, а имаше и три асистенции. Адеми во Динамо играше од 2010 до 2023 година, период во којшто одигра 359 натпревари, даде 41 гол и имаше 30 асистенции, а стана најтрофеен фудбалер во историјата на клубот и играч со најмногу настапи на европската сцена.

Позитивно мислење за враќање на Адеми има и од новиот тренер на Динамо, Сергеј Јакировиќ, а веќе бил воспоставен и контакт со фудбалерот за негово враќање на „Максимир“.

Адеми има договор со Гуан до 31 декември 2025 година и тешко дека кинескиот тим ќе сака да го пушти. Според Трансфермаркт, вредноста на Адеми сега се проценува на 2,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести