Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, кој е експерт за трансфери, објави дека во последниве часови во игра за потписот на македонскиот напаѓач Илија Несторовски влегол и бразилскиот гигант Сантос.
Ди Марцио открива дека Несторовски добил понуда од славниот клуб од Сао Пауло за којшто во минатото играле Пеле, Нејмар, Робињо, Родриго од Реал Мадрид, Алекс Сандро, Диего, Данило и уште многу ѕвезди, но Сантос му нудел на Нестор едногодишен договор, а тој бара договор на две сезони.
Од италијанските клубови, најголем интерес за Несторовски има од Тернана, а понуди има и од Козенца и Асколи.