Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по едногодишна пауза се враќа на терените на „Флешинг Медоус“ каде од понеделник стартува последниот годинешен гренслем турнир, Отвореното првенство на САД.
Ѓоковиќ минатата година не настапи во Њујорк бидејќи беше невакциниран против коронавирусот и не доби дозвола да влезе во САД, а пред две години загуби во финалето од Данил Медведев и признава дека е нервозен пред настапот.
Тој во Њујорк доаѓа откако триумфираше на мастерсот во Синсинати.
„Многу сум нервозен, како и сите останати. Луѓето мислат дека немам никаков стрес или не чувствувам тензии, но напротив… Се договорам со него, управувам со стресот. Во финалето во Синсинати имав физички проблеми, а згора на тоа Карлос одигра фантастично. Одиграме неверојатно финале и тој меч сигурно ми е меѓу трите најтешки во кариерата“, изјави Ѓоковиќ.