Шоуто на Лионел Меси во американскиот фудбал уште трае. Аргентинецот постигна гол и во првиот меч во МЛС шампионатот, откако неговиот Интер Мајами победи на гости кај Њујорк Ред Булс со 2:0.
Меси пред нешто повеќе од еден месец пристигна во Интер Мајами и одигра осум меча во Лига купот на Северна Америка и еден дуел во Купот на САД. Интер триумфираше во Лига Купот, што е прв трофеј во клупската историја, а ќе игра и во финалето на Купот на САД.
Во првенството, Интер Мајами немаше победа на 11 средби по ред и беше на последната позиција на Источната конференција, но со доаѓањето на Меси, нереално, но вистинито е тоа дека тимот од Флорида се споменува како еден од најголемите кандидати за освојување на титулата.
Шампионатот на Америка е најсилната лига во Средна и Северна Америка, а откако дојде Меси, Аргентинецот е незадржлив, без разлика кој е противникот. Во девет меча за 714 минути поминати на теренот, досега постигна 11 голови, а имаше и три асистенции. Тоа значи дека Меси погодува на секои 65 минути кога е на теренот.
Cruz Azul: ⚽️
Atlanta Utd: ⚽️⚽️🤝
Orlando City: ⚽️⚽️
FC Dallas: ⚽️⚽️
Charlotte FC: ⚽️
Philadelphia Union: ⚽️
Nashville SC: ⚽️
FC Cincinnati: 🤝🤝
NYRB: ⚽️Messi keeps cookin’ 🔥 pic.twitter.com/WN3VjdbCrU
— ESPN FC (@ESPNFC) August 27, 2023
На последниот меч против Њујорк, Меси одигра само половина час, но и тоа беше доволно да постигне гол кој беше круна на неговата магична асистенција.
Иако беше опкружен со петмина противнички фудбалери, а уште двајца беа во шеснаесетникот да бранат, Меси со виртуозно додавање ги исфрли сите седум противници од игра, а потоа непречен од никого погоди во празната мрежа од само неколку метри.
https://twitter.com/i/status/1695621980538450000
Комплетната акција пред постигнување на голот на Меси може да ја видите ТУКА.